Често при играње на игри наоѓате забелешка на начинот на кој се распределени функциите на тастерите на Вашето глувче, и би сакале да имате можност Вие сами да ги прераспределите според Вашите потреби? Тоа е невозможно да го направите со обично глувче, но X7 серијата на гејмерски глувчиња на А4Tech компанијата Ви го нуди токму тоа. Едноставноста, ефикасноста, и моќта на X7 "Oscar" глувче ќе Ви донесат незаборавно уживање и апсолутна доминација во било која игра. |
|
||||||
Со "3XFire" копчето заборавете на double click!!! Во текот на играње на игра оваа претставува екстремно моќна и корисна алатка која ќе Ви помогне полесно да се фокусирате на случувањето во играта отколку на "вежбање" на двоен клик на вашето глувче. "3XFire" не само што го заменува двојниот клик туку и го зголемува ефектот, односно, симулира три притискања на копчето на глувчето, што значи дека со еден клик на копчето во играта три пати ќе се изврши функцијата која е наменета на тоа копче. На пример ако притиснете на копчето за пукање, ќе испукате три куршуми одеднаш, а не само еден, што значително ќе ја зголеми Вашата огнена моќ во играта. |
|||||||
|
|||||||
Сега е достапна и X7 3xFAST тастатура, на која копчињата "Page Up","Home" and "End" се специјално поставени за да бидат секогаш достапни во текот на играта. Постои можност за брзо подесување на тастатурата на една од 4-те брзини (Normal, Accelerate, Speed и Turbo). Можете да менувате оружје на копчињата 1~4 додека се движите со било која комбинација на копчиња за движење (A+W, A+S, D+W или D+S) без никаков конфликт. X7 тастатурата има дизајн погоден за пренесување и е водоотпорна, што Ви овозможува да бидете концентрирани на играта без да се грижите за тастатурата. Нема повеќе грешки во текот на играта бидејќи "Windows" копчињата се исклучуваат автоматски кога Direction Shift индикаторот е вклучен. Moже да ги купите моделите X7 G100 и X7 G600 од овие тастатури и да уживате во нивното користење. |
|||||||
![]() |
|||||||
![]() |
Вашето гејмерско уживање може да се надополни и со слушалките од A4 Tech X7 Gaming Set -от. Компатибилни се со следниве оперативни системи: Windows®98SE, ME, 2000, XP, MCE2005, XP(x64), 2003(x64), VISTA x86 Може да се снабдите со моделите HS-100 и HS-800. |
||||||
|
X7 подлогата за глувче Ви овозможува да го фиксирате кабелот за подлогата за да можете да го движите глувчето без потешкотии. Површините од двете страни на подлогата (груба и мазна) овозможуваат прецизност и брзина за сите глувчиња. Има нелизгачка основна компонента и лесно можете да го превртите на другата страна. Oд X7 подлогите за глувчиња на располагање ви се X7-300MP, X7-200MP и X7-700MP. | ||||||








